Несекојдневна шанса да освоите билет за UEFA EURO2020™!

Gorenje e верен поддржувач на спортот. Познато е дека го поддржуваме европскиот ракомет, а од 2020 го поддржуваме и фудбалот преку спонзорство на UEFA EURO2020™. Со тоа #simplyfans заедницата на фанови на Gorenje се проширува сѐ повеќе и повеќе. Оваа заедница ги обединува фановите ширум светот преку социјалните медиуми со една цел – да поддржат, споделат и уживаат во позитивна енергија, пријателство и добра игра на теренот.

Тешко е да не се почувствува возбудата за UEFA EURO2020™, не само меѓу навивачите, туку и меѓу брендовите. За да ја интензивира навивачката еуфорија пред самиот почеток на првенството, Gorenje подготви бројни изненадувања за фановите на фудбалот и на модерното живеење.

Несекојдневна шанса да освоите билет за UEFA EURO2020™ и други одлични награди!

Пред почетокот  на првенството навивачите ширум Европа ќе можат да се вклучат во наградната игра организирана од simplyfans.eu и да освојат билети за UEFA EURO2020™ и други одлични награди: мали апарати за домаќинство од Горење, брендирани фудбалски топки Adidas, спортски ранец, навивачки реквизити и многу повеќе. Сè што треба да направите е да ја посетите веб страната на Gorenje и да ги следите инструкциите за учество (кои се едноставни и лесни).

Поддршка на навивачката еуфоријата #simplyfans во Македонија

Еуфоријата кај нас е уште поголема, затоа што оваа година нашата репрезентација првпат ќе заигра на теренот на овој фудбалски куп. Започнувајќи од 11 јуни, па сѐ до крајот на првенството, на официјалните профили на facebook и instagram на Gorenje Македонија ќе го бодриме нашиот национален тим и за сите фанови на фудбалот ќе приредиме интересни игри и предизвици со кои ќе следат подароци од Gorenje. Следете ги нашите профили и приклучете се во навивачката еуфорија:

Gorenje facebook страна

Gorenje instagram профил

Колекција на победнички апарати

За да го внесеме еуфоричниот навивачки дух и во домот, Gorenje креираше специјална колекција на мали домашни апарати за кујната. Обожавателите на фудбалот можат да уживаат во нов ледомат, микробранова печка, фритеза на топол воздух (airfryer), бокал за топла вода и безжична правосмукалка.

Дополнително на ова, ќе следат низа промотивни цени и подароци при купување на No Frost и Frostless фрижидери на Gorenje.

За поинтересна, инспиративна и еуфорична содржина, придружете им се на Gorenje и #simplyfans заедницата уште денес!

Официјална веб страна Gorenje UEFA EURO2020