Голема полициска акција во повеќе градови

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.

Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.

Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога.

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.