Франција од 15-ти јуни ќе ги вакцинира младите од 12 до 18 години

Младите од Франција од 12 до 18 години од 15-ти јуни ќе може да се вакцинираат против Covid-19, изјави во средата претседател Емануел Макрон.

Во текот на посетата на југозападот на Франција, претседателот Макрон изјави дека одлуката за почетокот на вакцинирањето на адолесцентните е донесена на состанокот на Советот за одбрана, одржан во средата претпладнето во Елисејскиот дворец.

Високото тело за здравство (HAS) во средата дало мислењето за вакцинирањето на децата до 12 до 15 години. Одлуката ќе биде соопштена во четвртокот наутро, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Pfizer/BioNTech“ за оваа возрасна група.

Од почетокот на кампањата за имунизацiја во Франција 26,1 милион луѓе примиле барем една доза, или 39,1 отсто од вкупното население, а 11,2 милиони се вакцинирани со двете дози, или 16,7 отсто од вкупното население.

Францускиот претседател Емануел Макрон воедно рече дека носењето заштитни маски на отворените простори можеби повеќе нема да биде задолжително и „ќе се одредува зависно од ситуацијата“ во поединетите региони.

„Сите исчекуваме тие постепено да бидат укинати, во прв ред надвор, каде нема преголем ризик. Тоа ќе се спроведе (…) зависно од регионот. На национално ниво треба уште малку да се почека. Мислам дека до крајот на јуни на национално ниво ќе го задржиме речиси истиот режим“, рече Макрон на прес-конференцијата.

Претседателот притоа изрази задоволство поради тоа што 50 отсто од возрасните Французи ја примиле првата доза од вакцината, што претставува, како што рече, „вистински успех“ во кампањата за вакцинирање. Сепак, Макрон ги повика сонародниците и натаму да бидат „извонредно претпазливи“ поради тоа што циркулирањето на вирусот напредува во некои делови од земјата, особено на југозападот.