Партијата Јеш Атид (Има иднина), која ја води Јаир Лапид, успеа со помош на малата арапска партија Ра’ам да состави коалциска влада неколку часа прет истекувањето на рокот во средата на полноќ, и се чини дека по долгите преговори Израел ќе ја добие новата влада со коајшто ќе се стави крај на ерата на досега најдолговечниот израелски премиер Бенјамин Нетанјхау.
„Првиот човек на Ра’ам, Мансур Абаз, го потпиша документот кој му овозожува на челникот на Јеш Атид, Јаир Лапид, да го извести претседателот Реувен Ривлин дека успеал да ја состави владата по договорот кој го постигнавме“, изјави портпаролот на Лапид.
Истакна дека договорот е постигнат кусо пред истекувањето на законскиот рок за формирањето влада, и потенцираше дека завршува долгогодишното владеење на десниот политичар Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху го водеше Израел од 2009 до 2021 година, а беше премиер и во периодот од 1996 до 1999 година, што го прави најдолговечниот челник на израелската власта.
„Менсур Абаз и Јаир Лапид потпишаа коалициски договор за формирање влада на единството“, рече портпаролот на Јеш Атид, објавувајќи дека успешно се приведени кон крајот преговорите водени последните седмици меѓу повеќето партии.
Формирањето на новата израелска влада доаѓа два месеца по парламетарните избори, четврти во последните две години, и по бројните извонредни напори да се поврзат меѓусебно партиите кои доаѓаат од различните краеви на политичкиот спектар.
Договорот е постигнат кусо пред истекот на рокот од 28 дена кој Лапид го доби за формирање на владејачкото мнозинство. Новата влада свечената обврска треба да ја даде на 14-ти јуни.
На Лапид, кој досега беше опозициски челник, му беше потребна поддршката на просто мнозинство од вкупно 120-те пратеници во Кнесетот (израелскиот парламент).
Неговата коалиција ќе се вклучи и екстремно десната партија Јамина, според најавите во медиумите. Седум мали партии под водство на Јеш Атид ги обедини желбата да го соборат Нетанјаху, против кого во моментов се води процес за корупција.
Челникот на Јамина, Нафтали Бенет, кој своевремено беше член на партијата Ликуд на Бенјамин Нетанјаху, се согласи со Јаир Лапид да ротираат на премиерската должност. Така, Бенет ќе биде премиер првите две години, а потоа на функцијата ќе го замени Лапид, кој дотогаш ќе ја извршува должноста на министер за надворешни работи.
Неговата партија се ориентира кон политичкиот центар и бепше втората најсилна партија на изборите во март, по десната конзервативна партија Ликуд.
Лапид во политиката влезе по кариерата на телевизиски водител и коментарот, и беше министер за финансии во претходната влада на Нетанјаху.