Времето во четврток во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура се движи од 5 до 13, а максималната дневна ќе достигне од 20 до 29 Целзиусови степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 Целзиусови степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.