Нуклеарен реактор од новата генерација на Бил Гејтс и Ворен Бафет ќе се гради во Вајоминг

Компанијата за напредни нуклеарни реактори „TerraPower“ на милијардерот Бил Гејтс и компанијата „PacifiCorp“ ја избраа Вајоминг за покренување на првиот пректот на реактор на ладење со натриум на локацијата на затворена постројка на јаглен, соопшти во средата гувенрерот на оваа америакнска сојузна држава.

Компанијтата „TerraPower“, којашто Бил Гејтс ја основал пред околу 15 години, и електроенергетската компанија „PacifiCorp“ во сопствеништво на холдингот „Berkshire Hathaway“, исто така, на милијаредерот Ворен Бафет, најавија дека точното место на демонстрациската постројка на реактор со натриумово ладење ќе се знае до крајот на годинава.

Ваквите мали напредни реактори, кои работата на поинакви горива од традиционалните, некои ги сметаат за технологија којашто може да ги надомести повремените извори на енергија, како што се ветрот и сонцетот, при намалувањето на емисиите кои ги предизвикуваат климатските промени.

„Ова е нашиот најбрз и најсјаен пат да станеме негативни на јаглерод“, изјави гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, чија држава е најголемиот произведувач на јаглен во САД.

Проектот содржи брз 345-мегаватен реактор, чиешто ладење со растопен натриум би можело да ја зголеми моќта на 500 мегавати во текот на периодите на најголема потреба од енергија. Од „TerraPower“ минатата 2020 година објавија дека постројката ќе чини околу милјарда долари.

Кон крајот на минатата година американското министерство за енергетика ѝ додели на „TerraPower“ 80 милиони долари почетни средства за демонстрацина на натриумовата технологија, и вети дека на компанијата во текот на следните години ќе ѝ додели дополнителни средства.

За американските власти, овој вид чиста енергија е потребна во мрежата во 2030-те. Некои сметаат дека ваквите постројки ќе го намалат ширењето на ризиците, бидејќи го намалуваат вкупниот нуклеарен отпад.

Меѓутоа, стручњаците за нуклеарна енергија предупредија дека напредните реактори може да имаат поголеми ризици од конвенционалните. Горивото за многу конвенционални реактори би морало да се збогатува до многу поголемо ниво отколку при конвенционалните горива, што значи дека синџирот за снабдување би можел да биде привлечна цел за милитантите кои сакаат да создадат сирово нуклеарно оружје.

Освен доведувањето на електричната енергија без јаглерод во мрежата, сенаторот од Вајоминг, Џон Барасо, изјави дека ова градење на надлгедниот проект би можело да ја подигне некогашната активна индустрија на рударство на ураниумот во државата.