Нетанјаху се обидува да го спречи формирањето на новата влада на Израел

Израелскиот премиер на заминување Бенјамин Нетанјаху се справува против договорот на неговите политички противници, од левиот до десниот крај на политичкиот спектар, кои формираа широка коалициска влада со која сакаат да стават крај на неговото долготрајно владеење.

„Сите пратеници избрани со гласовите на десницата мора да се спротистават на ова опасна левичарска влада“, напиша Нетанјаху на Twitter, кој веќе 12 години непрекинато, или вкупно 15 години, беше на чело владата на Израел.

Ова е првата јавна реакција на Нетанјаху, челник на десната партија Ликуд, против формирањето на коалицијата која во средата ноќта неполн половина час пред истекувањето на рокот ја објави центристичкиот политичар Јаир Лапид.

Според договорот религискиот 49-годишен националист Нафтали Бенет, поранешен министер за одбрана и милионер, ќе биде премиер првите две години, по што на преиерската должноста чќе ја преземе 57-годишниот Лапид, поранешен телевизиски водител и министер за финансии.

По четвртите парламентарни избори во последните две години, кои се одржаа на 23-ти март, Лукуд и неговите сојузници, како ниту противниците, не успеаја да освојат јасно мнозинство во Кнесетот.

Коалицијата којашто ја предводи Јеш Атид (Има иднина) на Лапид, ја сочинуваат Јамина (Десно) на Бенет, центристичката Плаво-бело на поранешниот министер за одбрана и некогашен воен командатн Бени Ганц, левата партија Мерец, Лабуристичката партија, секуларно националистичката партија Јизраел Бејтени, на некогашниот министер за одбрана и за надворешни работи Авигдор Либерман и партијата Тиква Хадаша (Нова надеж) на поранешниот министер за образование Гидеон Са’ар, уште еден отпадник од Ликуд. Поддршка даде и арапската исламистичка партија Ра’ам.

Сиве овие партии имаат многу малку идеолошки допитни точки, а ги обединува желбата да го соборат Нетанјаху, кому последната година му се суди за корупција.

Политичките коментатори очекуваа дека Нетанјаху се обидува да се разбие коалицијата, со капитализирање на незадоволството на членовите на Јамина поради здружувањето со арапските и левите пратеници.

Тамара Зандберг, претставничка на Мереџ, призна дека било тешко да се формира коалицијата.

„Тест за коалицијата…. Треба да биде потврден во Кнесетот, тоа не ма да оди без груби препреки и проблеми“, рече Зандберг во четвртокот за израелското Воено радио.

Натанјхау има 30 пратеници од 120, речиси двојно повеќе од Лапоид, и го поддржуваат најмалку три помали религиски и националистички партии.

Извор вклучен во преговорите за формирање на коалицијата за AFP рекол дека новата влада ќе се обиде да се избегнат жешките идеолошки прашања, како што е населувањето и анексијата на дел од палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) или нејзино целосно напуштање.

Бенет рече дека создавањето на независна Палестина би претставувало самоубиство за Израел. Анексијата на делови од Западниот брег е дел од неговата политичак програма. Нетанхају, пак, истакнува дека коалицијата меѓу Бенет и Лапид ја загорзува безбедноста на Израел.