Почна вакцинацијата на хронично болните пациенти

Министерството за здравство информира дека од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата.

„Опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби“ вели Министерството за здравство.