На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, вчера во 10.15 часот, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано до М.Б. (26), удрило во пешакот Н.К. (78) од Скопје и го напуштило местото, но подоцна бил пронајден.
Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.