Фудбалската репрезентација до 21 година убедливо поразени во Кршко од Словенија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби попладнево на гостински терен од Словенија со 3:0 (3:0) во последниот подготвителен натпревар во пресрет на септемврискиот евроквалификациски циклус.

Домаќините веќе по првото полувреме ги решија дилемите околу победникот на мечот одигран во Кршко, со головите на Аљоша Матко (2 минута), Ник Прелец (7) и Тамар Светлин (44).

Македонската репрезентација до 21 година ќе ги почне квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Грузија и Романија на 2 септември против Франција, а во групата Х противници на „црвено – жолтите“ се и репрезентациите на Србија, на Украина, на Фарски Острови и на Ерменија.