Речиси 330 лица над 120-годишна возраст во базата за податоци за вакцинација во Колумбија

Во Колумбија 328 луѓе постари од 120 години се вклучени во приоритетната база на податоци за вакцинирњето против коронавирусот, иако во земјата нема никаква евиденција за лица кои ја достигнале оваа возраст.

Како што пренесуваат локалните медиуми, инфорамцијата ја објавило главното тело за надзор (CGR) при колумбиските власти за нарушување на процесот на имунизацијата на населението против Covid-19.

Во извештајот се наведува дека 328 лица над 120 годишна возраст добиле приорите во редот за вакцинација во базата за податоци „Моја вакцина“ на колумбиското министерство за здравство. Истовремено, властите забележуваат дека податоци за живи лица кои ја достигнале оваа возраст нема во ниедна база на податоци во земјата.

Покрај тоа, било откриено дека 1.669 лица на возраст под 60 години биле прекуредно вакцинирани, иако не се во здравствениот сектор или други професии и групи граѓани кои се вброени во приоритетните категории за имунизација од Covid-19.

„Од 1.669 неприоритетни вакцинации, 775 лица се стари меѓу 26 и 44 години, 344 меѓу 55 и 59, 198 меѓу 18 и 25, 169 меѓу 45 и 49 и 152 вакцинирани се од 50 до 54 години“, велат од канцеларијата за контролори во изјавата.

Агенцијата открила и дека биле вакцинирани 110 луѓе кои се воделе како починати. Покрај тоа, давателите на здравствени услуги во земјата не внеле во базата за податоци Paiweb информации за аплицирање на 3.260.300 дози од вакцините.

Колумбија е една од попогодените земји во светот во пандемијата на коронавирусот со над 3,5 милиони заразени и речиси 91.000 смртни исходи.