Десетици жртви во експлозија и инцидент во Авганистан

Најмалку 12 луѓе се убиени во ткн пријателски оган кој го отвориле авганистанските безбедносни сили врз, а уште 11 други се убиени во експлозија во северозападниот регион на земјата, пренесува телевизиската мрежа Tolo News повикувајќи се на регионалните власти.

Според изворите на телевизија, во североисточната авганистанска провинција Бадакшан, кога авганистанските воздушни сили по грешка нападнале група доброволци од лиланата милиција кои изведуваат заеднички копнени операции против исламистичките милитанти.

Според изворите од покраината, осум лица се водат како исчезнати по инцидентот. Владата во Кабул сѐ уште официјално не го коментраше случајот.

Истовремено, во северозападната покраина Багдис 11 цивили загинале во екслозија на крајпатна мина. Според властите, меѓу жртвите имало и жени и деца.