Бајден пред самитот со Путин порача дека САД ќе застанат зад европските сојузници против Русија

Соединетите држави ќе застанат покрај европските сојузници против Русија, вети американскиот претседател Џо Бајден во пресрет на неговата првата средба како челник на САД со рускиот претедател Владимир Путин, но исто така рече дека не бара судир и оти сака стабилен односи и соработка со Москва.

Бајден патува во Европа во средата и треба да присуствува на самитите на групата Г7 и НАТО и подоцна на 16-ти јуни со Путин во швајцарска Женева.

Самитот ќе се одржи во време на најголемата криза во односите меѓу САД и Русија последните години, со тензиите по многу горливи прашања, вклучително и постојаните недокажани обвинуваата за наводното руско хакирање и мешање во изборите во САД.

Во написот објавен од The Washington Post во саботата, американскиот претседател Бајден ветува дека ќе ги зајакне „демократските сојузин“ на Вашингтон соочени со повеќе кризи и „сѐ посилните закани“ од Москва и од Пекинг.

„Стоиме обединети за да одговориме на предизвиците кои ги претставува Русија за европската безбедност, почнувајќи од нејзината агресијна на Украина, и нема да има сомнежи во решителноста на САД да ги брани нашите демократски вредности кои не можеме да ги одвоине од нашите интереси“, пишува Бајдан.

„Претседателот Путин знае дека нема да се стеснувам да одоговар на идните штетни активности. Кога ќе се сретнеме, повторно ќе ја истакнам доследноста на САД, Европа и демократиите на истомислениците да истапат во човековите права и достоинство“, упорен е Бајден.

Меѓутоа, малкумина од политичките коментатори сметаат дека Бајден на самитот со Путин ќе настапи токму во овој тон и на сите теми кои ги најавува доколку навистина сака да стабилизирање на односите со Русија.

До преземјањето на должноста во јануари Бајден вербално ги зајакна притисоците кон Русија, а нарекувањето на Путин „убиец“ освен што предизвика остри критики од Москва, предизвика и недоумици и стравувања во Европа за неговите вистински намери и дипломатски капацитети да ги управува крајно напнатите и деликатни односи со Кремљ.

Во подоцнежниот период двајца челнциите сепак изразија надежи во подобрувањето на одностие, а Путин во петокот рече дека очекува „позитивен“ резултат од разговорите.

Во споменатиот напис во The Washington Post, Бајден истанува дека САД „не бараат судир“ укажувајќи на неодамнешниот продолжување на договорот START-3 за намалување на стратешкото вооружување како доказ на неговата желна за намалување на тензиите. Сепак, станува збор за продолжување на договорот на период определен со постојниот договор, додека не се склули нов.

„Сакаме стабилен и предвидлив однос во кој можеме да соработуваме со Русија по прашањето како што е стратешката стабилност и контролата на вооружувањето“, напиша американскиот претседател.