МЗТ Скопје Аеродром по осми пат стана шампион на Македонија

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром одигра доминантна финална серија и со третата победа над Еуро Никел во третиот натпревар (89-78) дојде до триумф во финалето со чисти 3-0 и ја освои осмата титула на домашната сцена.

„Штрковите“ не му дозволија на противникот да влезе во неизвесен финиш како што тоа го правеше на претходните средби и со две важни тројки во четвртиот период се одлепи резултатски и ја задржа позитивата.

Најдобар кај стрелцит беше Андреј Магдевски со 21 поен, пред Бојан Крстевски со 16 поени, додека кај Еуро Никел, Никола Караколев имаше 16 поени, додека Роберт Рикиќ имаше „дабл-дабл“ од 16 поени и 12 скока.

МЗТ претходно се радуваше на титула во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2019 година, а ова е прва двојна круна за клубот од сезоната 2015/16.

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски стана шампион со МЗТ Скопје и по финалната серија против Еуро Никел го доби признанието за најкорисен играч во серијата.

Магдевски имаше блескавии партии во вториот и третиот меч од серијата. Денешниот го затвори 21 кош, шест скокови и една асистенција, со вкупен индекс од 20 поени, па заслужено го доби признанието.