
Oткако во Хрватска беше одобрена вакцината на Фајзер за деца од 12 до 16 години, тамошниот завод издаде препораки за вакцинирање на деца кои имаат одредени хронични болести, пишува порталот Педијатар.мк.
Имунизацијата на најмладите ќе мора да се врши во придружба на родител, а освен децата кои боледуваат од хронични болести, вакцина ќе може да примат и сите останати деца од оваа возрасна категорија, со задолжителна согласност од родителите.