
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, денеска го лишиле од слобода 35-годишнот Д.Д. од Битола.
При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин, дигитална вага, поголема сума пари во денари и евра, две патнички возила, три патрона за пушка и делови од пиштол.
Осомничениот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.