(Видео) Боко Харам убил 40 цивили и спалил стотици домови

Исламистичката група Боко Харам нападнала во текот на викендот во зафрлениот град Дамбоа на североистокот на Нигерија, убивајќи повеќе од 40 луѓе и палејќи домови. Стотоци луѓе биле натерани да побегнат.

Очевидци пренесуваат дека напаѓачите, за кои се верува дека се припадници на Боко Харам, нападнале во саботата пред зората.

Во тоа подрачје нема телефонски сигнал, па никој не може да повика помош.

Боко Харам, кој се бори за воспоставување на исламска држава во Нигерија, оваа година непрестајно напаѓа цивили, воглавном во зафрлениот, брдовит регион долж границата са северен Камерун.