
Малкумина новинари и сниматели денеска можеа да ја следат собраниската седница од галеријата на салата „Македонија“ бидејќи за присуство таму од новинарските екипи се бараше да покажат сертификат дека се имунизирани со две дози од вакцина.
Поради тоа поголем дел од новинарите седницата можеа да ја следат само од прес центарот во Собранието.
Инаку денеска по осум месеци пратениците се вратија во големата сала во Собранието и таму ја одржаа седницата. Поради пандемијата на коронавирусот, пленарните седници се одржуваа во помалата „Кристална сала“ сала без присуство на медиуми и каде немаше електронско гласање.
Од Собранието информираат дека протоколот за присутво на пленарната седница до медиумите била испратена на 5 јуни.