
Бугарски борбан авион „MиГ-29“ се урна во текот на вежбата „Шабла 2021“ во која учествуваа и ловци на српскот воено воздухопловство.
Бугаркиот ловец, кој од радарите исчезнал 45 минути по полноќ, сѐ уште не е пронајден а во тек е потрагата по останки и пилотот на 11 километри јогоисточно од Шабла, во која учествуваат хеликоптери, бродови, специјалните единици и граничната полиција.
Според бугарскито премиери Стефан Јанев, пилотот не пријавил ниеден проблем пред да исчезне од радарите. Во моментов не се знаат причините за несреќата.
Бугарските власти отворија истрага за инцидентот и во моментов се испитуваат очевидци, изјави на прес-конференција полковникот Хисти Тинев, воено-окружен обвинител во Военото обвинителство во Сливен. Военото обвинителство во Пловдив, оак ќе ја води истрагата во матичната база на пилотот.
Во медиумските извештаи повикувајќи се на бугарското министертво за одбрана се наведува дека сите три српски авиони од типот „МиГ-29“ кои полетале во текот на вежбата безбедност се вратиле во базата „Граф Ингатиево“.
Вежбата „Шабла 21“ по инцидентот е прекината, потврди бугарскиот министер за одбрана Георги Панајатов.
Медиумите потсетуваат дека пред неколку месеци поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов признал дека одвај пет до шест ловци „МиГ-29“ се технички исправни. За тоа беше обвинета Русија, којашто наводно не го исполнина договорот за одржување на воената опрема и оти платила пенали за одложување на договорот за ремонт, врз основа на договор од 2018 година за ремонтирње на осум авиони.