Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон.
Информацијата пред малку ја објавија од владината прес-служба.
Во соопштението се вели дека со посетата се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, и во рамки на неа ќе има работна вечера со францускиот претседател.