Фидеш бара забрана за промовирање на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата

Унгарската владејачка партија Фидеш предложи закон со кој се сака да се забрани ширењето на содржини кои во училиштата меѓу малолетните лица ги промовираат хомосекслуалноста и промената на полот во согласност со неолибералните политиките кои тврдат дека тоа се „права на децата“.

Владата на конзервативниот премиер Виктор Орбан има силно изразена хистијанско-конзервативна агенда, исто како и Полската владејачка партија Првада и справдливост (PiS), која со години ги има истиот став кон промовирањето на хомосексуалноста под превезот на „граѓански и родови“ слободи. Двете партии се главни сојузници во Европската унија, чиј бирокатизиран естаблишмент ги обвинува дека нивните закони „потсетувале на рускиот закон за геј пропаганда од 2013 година“.

Во еден од амандманите на пратениците на Фидеш на предложениот закон кој ја казнува педофилијата којашто неолибералите во Европа сакаат да ја изземат од кривичните закони, се наведува дека на помладите од 18 години не смеат да им се покажуваат порнографски содржини или каква и да содржина која поттикнува промена на полот или хомосексуалноста.

Тоа, исто така, се однесува и на рекламирањето, стои во предлог-законот. Се предлата и изработка на листа на организациите кои единствени ќе имаат право да одржуваат предавањта за сексуалното образование во училиштата, наспроти ангажирањето на нестручни активисти на невладини здруженија.

Овој закон претставувал „оганичување на слободата на говорот и на правата на децата“, тврдат од групата Хатера за заштита на правата на ЛГБТ+ лицата повикувајќи ја Фидеш да го повлече од процедурата.

Забележливо е што во сите реакции и извштаи на западните мејнстрим медиуми, законските предлози во Унгарија и во Полска, постојано се споредуваат со „рускиот закон за геј пропагандата“ во атмосферата на крајно тензичните односи меѓу Западот и обвинувањата кон Русија по бројни прашања.

Ви Унгарија бракот е дефиниран како заедница на маж и жена, и само хетеросексуалните двојки може законски да посвојуваат деца. Минатата година беше забрането впишувањето на промената на полот во матичните книги и беше укинато признавањето на родовиот идентитет на трансродовите лица. Таа одлука важеше и ретроактивно за лицата кои веќе го промениле полот, што за противуставно претходно годинава го означи Уставнот суд.