Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните во која е вработена и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите – спаси повеќе човечки животи.Од Кабинетот на премиерот информираа дека во канцеларијата на премиерот во Струмица граѓаните од овој и блиските градови на едноставен и лесно достапен начин ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат.
Премиерот Заев, како што стои во информацијата, денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на којашто разговараа за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица.
„Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи“, соопштија од Кабинетот на премиерот..