
Логото и кратенката на името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое стои на националниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство не е во спротивност со Преспанскиот договор, одговори попладнево Министерството за надворешни работи во Скопје на вчерашната реакција на официјална Атина до УЕФА.
„Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение,
Неговата реакција уследи, откако грчкиот министер за спорт Левтерис Автенакис во писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин побара во петокот да биде отстранет амблемот со кратенката ФФМ од македонскиот фудбалски дрес.
Според Автенакис, кратенката ФФМ што официјално ја користи Фудбалската федерација на Македонија е во спротивност со одредбите во Договорот од 2018 година.