Велика Британија ќе стори „сѐ што е потребно“ за да го заштити војот територијален интегрите во трговскиот спор со Европската унија, изајви во саботата британскиот премиер Борис Џонсон, заканувајќи се со вонредни мерки доколку не се изнајде решение.
Џонсон претходно, според соопштението на неговиот кабинет во Даунинг стрит, ја повика ЕУ да покаже „прагматичност“ и дека треба да биде подготвена на „компромис“, но подоцна во интервју за телевизијата Sky News употреби поостри зборови.
Заканата на Џонсон го прекина привременото затишје во вербалната војна поради делот од договорот за брегзитот кој се однесува на граничните прашања со Северна Ирска, што е во фокусот на тензиите откако Велика Британија дефинитивно истапи од Европската унија кон крајот на минатата година.
И покрај тоа што американскиот претседател Џо Бајден ги повика двете страни да изнајдат компромисно решение, Џонсон го искористи самитот на Г7 да порача дека нема намера да го ублажи својот став за Северноирскиот протокол.
„Мислам дека тоа можеме да го решиме… но нашите пријатели и партнери од ЕУ да сфатат дека ќе сториме сѐ што е потребно“, рече Џонсон за Sky News.
„Мослам дека, доколку протоколот продолжи да се применува на овој начин, нема секако да се двоумиме да се повикаме на членот 16“, додаде британскиот премиер говорејќи за заштитната клаузула којашто им овозможува на двете страни да преземат мерки доколку веруваат дека договорот води кон тешкотии во економска, социјална и еколошка смисла.
„Разговарав денеска тука со некои наши пријателои коишто се чини не разбираат дека Обединетото Кралство е една земја, една територија. Мораме да ги убедиме во тоа“, порача Џонсон.
Британскиот премиер Борис Џонсон ја даде изјавата по средната со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Мерел и највисоките фунцкионери на ЕУ, Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел на маргините од самитот на Г7 во Англија.
Претходно во саботата Меркел го повика Џонсон да изнајде „прагматично решение“ за овој спор. ЕУ, пак, ѝ порача на британската влада дека мора да го спроведе договорот за брегзитот во целост и да воведе контроли на одедни стоки кои во Северна Ирска доаѓаат во Велика Британија. Лондон се зазема за итни иновативни решенија.
Ревидираниот протокол на Северна Ирска ја штити „сеопфатната економија“ на ирскиот остров, мировниот договор од Велики петок во сите негови димензии и го зачувува интегритетот на единствениот пазар, тврдат од ЕУ. Според новиот договор, Северна Ирска ќе остане во согласност со ограничен пакет правила на ЕУ за да се избегне тврда граница на островот: ќе се применуваат европски закони за стоки, санитарни и ветеринарни контроли, правила за земјоделски производи, данок на додадена вредност и акцизи, правила за државна помош.
Станува збор за заштитниот механизам кој предвидува во случај да не биде договорено поповолно решение по транзицискиот период од две години, за да се избегне тврдата граница меѓу Република Ирска како членка на ЕУ и британската покраина Северна Ирска, Обединетото Кралство да остане во царинската унија.
Обединетото Кралство формално се одвои од ЕУ на 31-ви декември 2020 година. Од 23 часот тој ден за нејзините граѓани и компании повеќе не важат правилата на ЕУ и на сила стапуваат за нов нови, кои се однесуваат и на другите европски земји кои не се членки на блокот, а кои се однесуваат на патувањата, трговијата, имиграциите и безбедносната соработка. Излегувањето на Битанија доведе и до големи промени за економиите, бидејќи сега станува збор за два одвоени пазара. Џонсон смета дека тој механизам е „антидемократски и го нарушува суверенитетто на британската држава“, како и дека со тоа би се спречило водење независна трговска политика.