Путин очекува дека самитот со Бајден ќе помогне за воспоставување дијалог

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува оти неговиот состанок на врвот со американскиот претседател Џо Бајден ќе помогне во воспоставувањето дијалог меѓу двете супер сили и личните контакти.

Челниците на САД и Русија ќе се сретнат на 16-ти јуни во швајцарска Женева на самит во период кога билатералните односи се силно тензични во поглед на широк дијапазон двострани и глобални прашања. Пред средбата Путин вели дека е неопходно да ги воспостават личните контакти, да се воспостави директен дијалог и да се создадат навистина фунцкионални механизми за соработка.

„Има за што да се разговара. Постојат заеднички теми. И доколку по состанокот создадеме механизми за работиа во сите области, сметал дека тоа и би било добро и оти би можело да се каже дека средбата не била попуста“, рече Путин во фрагменти од интервјуто емитувани на телевизијата Россия 1 во неделата.

Путин потсетува дека Белата куќа зборува за истото, односно дека има неколку прашања кои се од интерес и за двете земји, како што се стратешата стабилност, регионалните конфликти, меѓу кои и во Либија и Сирија, „грижата за животната средина воопшто, во глобална смисла“, како и кибернетичката безбедност.

Рускиот челник последниот проблем го оцени како најважен, бидејќи „исклучувањето на цели системи доведува до ужасни последици“. Путин притоа додава дека Русија би била подготвена да им ги предаде кибернетичките криминалци на САД, додека и Вашингтон го стори истото за Москва и доколку двете сили постигнат договор за тоа.

Белата куќа претходно објави дека претседателот Бајден со Путин во Женева ќе го отвори прашањето за хакерските напади коишто наводно доаѓаат од Русија.

„Доколку се договориме за предавање на криминалците, тогаш секако Русија тоа ќе го стори, ќе го направиме тоа но само доколку и другата страна, во случајов САД, се согласат со истото и ѝ ги предадат криминалците на Руската Федерација“, вели Путин.

Рускиот претседател, исто така, потсетува дека пред ваквите средби на врвот, нивните учесници се обидуваат да ја намалат негативната реторика со цел да создадат поволен амбиент за работа на самитот.

„Тука нема ништо посебно, не би ласкал со ништо. Тоа е професионален пристап“, додава Путин.

Путин и Бајден првпат ќе се сретна во среда како претседатели на Русија и на САД во вила од XVIII век со поглед на живописното Женевско езеро. Самитот вклучува работна сесија и уште една средба во проширен формат. Двете страни не успеаја да се договорат за заедничка прес-конференција на лидерите по средбата, поради процените на Вашингтон дека на таквиот настан во Хелсинки во 2018 година Путин сосема го засенил и „покрил“ тогашниот америкaнски претседател Доналд Трамп, според The New York Times.

Засебните прес-конференции според Белата куќа е „најдобриоо формат“. Во 2018-та, имено, според оцените на мејнстрим медиумите и аналитичарите блиски на демократите Трамп беше критикуван дека ги довел во прашање резултатите од истрагата на разузнавањето на САД за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016-та и со тоа „му даде можност на Путин да шири лаги“. Toa предизвика бурни реакции во американскиот политички естаблишмент, па за сега починатиот републикански сенатор Џон Меккејн тоа бил „еден од најсрамните говори на америакнски претседател“ на кои можел да се сети.

Но, сега критичарите на Бајден велат дека американскиот претседател е познат по „вербалните гафови, се збунува или покажува расеаност во текот на јавните настапи или при одговарањето на прашањата“ од новинарите. Трамп, пак, му порача „Среќно Бајден на преговорите со претседателот Путин. Не заспивајте на состанокот и ве молам да му ги пренесете моите најдобри желби“.

Извори на американската телевизиска мрежа NBC News тврди дека овојпат Бајден има намера да му покаже на Путин „тврд сигнал“ и дда заземе пристап кој суштински се разликува од „пријателските односи“ кои ги најави Трамп по првата средба со рускиот претседател.

„Не сакаме судир со Русија… Сакаме стабилни и предвидливи односи…, но јасно кажав дека Соединетите држави ќе одговорат на силен и смислен начин доколку руската влада се вклучи во штетни активности“, рече амерканскиот претседател минатиот четврток во својот говор пред американските војници во воената база Милденхол во англиски Сафолк.