Потврдена новата влада на Израел со многу тесно мнозинство, Нетанјаху вети дека брзо ќе се врати

Долгогодишното владеење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхау, заврши во неделата кога израелскиот парламент ја потврди нова „влада на промените“ којашто ја предводи националистот Нафтали Бенет но ја доби поддршката и од арапските пратеници.

Повелкувајќи се во опозиција, 71-годишниот Нетанхају, најдоминатниот израелски политичар во својата генерација, порача дека брзо ќе се врати на власт.

На бучната седница на Кнесетот на која десничарските и ултраортодоксните приврзаници на Бенет му порачаа на Нетанјаху дека би требало да се „срами“ и дека е „лажго“, парламентот изгласа доверба на новата влада со многу тесно мнозинство од 60 гласови „за“ наспроти 59 „против“.

Поранешниот министер за одбрана и милионер од хај-тек секторот, 49-годишниот Бенет набрзо треба да ја даде свечената обврска. Неговата коалиција првпат вклучува во историјата на Државата Израел партија која го претставува арапското малцинство кое е 21 отсто.

Коалицијата има многу малку заеднички елементи, освен желбата да се стави крај на ерата на Нетанјаху и политичката блокада која доведе до четири нејасни избори во помалку од две години. Таа е збир од левичарски, центристички, десничарски и арапски партии и се очекува дека ќе биде доста кревка.

Најдоловечниот израелски лидер Нетанјаху на премиерската позиција беше од 2009 до 2021 година, по првиот негов мандат од 1996 до 1999 година. Го ослабеа неуспехот да оствари сигурна победа на изборите во 2019 година и судењето под обвиненија за корупцјата кое сѐ уште трае.

Според коалицискиот договор, Бенет на премиерската должност, по две години ќе го замени 57-годишниот Јаир Лапид.

Според најавите нивната влада ќе се обиде да ги избегне потезите по жешките меѓународни прашања, како што е политиката кон Палестинците и да се фокусира на домашните реформи. Но, имајќи ги предвид поранешните политики на Бенет, Палестинците сметаат дека тој ќе продолжи да ги спроведува десничарските проекти, како и Нетанјаху.