Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки.
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до Кризниот штаб ќе бидат предложени три нови мерки, кои би требало да стапат на сила од среда, доколку бидат усвоени од Владата.
Се предлага целосно укинување на полицискиот час бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.
Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
Се преглага и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 илјада од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни:
➡️ Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
➡️ Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
➡️ Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.