Вчера во 16 часот во Битола се приведени двајца Грци кои го нарушиле јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Полициски службеници од СВР Битола ги приведоа 50-годишниот А.П и 53-годишниот Г.П од Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење предмети. Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен суд Битола за понатамошно постапување“, соопшти МВР.