ЕУРО: Французите ги совладаа јаловите Германци

Во последниот натпревар од групната фаза од натпреварувањето на Европското фубалско првенств, селекцијата на Франција на „Алијанц Арена“ во Минхен минимално со 1:0 ја совлада Германија во рамките на Групата Ф.

Единствениот погодок во најисчекуваниот натпревар од првото коло беше постигнат во 20 минута, кога германскиот стопер Матс Хумелс несреќно и неумешно ја испрати топката во сопствениот погодок по нафрлувањето од Лукас Ернандез.

Натпреварот не ги исполни очекувањата на љубителите на фудбалот ширум светот, во прв ред бидејќи Германците и Французите очекувано одиграа борбен но фудбалски многу сиромашен меч. Најавуваниот спектакл изостана, а единствено задоволни може да бидат Французите кои во тешката група остварија победа над големиот ривал на неговиот терен, која веќе сега им гарантира пласман во нокаут-фазата. Германците сосема разочараа, особено со играта во нападот, па Јоаким Лев има големи грижи во пресрет на соочувањата на Португалија и Унгарија.

Натпреварот во Минхен започна со голема претпазливост и од двата противника и буквално ништо не се случуваше до 20-та минута. Тогаш левиот фанцуски бек Ернанде во брзиот напад испрати остар центаршут во средината на домашниот шеснаесетник, а погрешно поставениот Хумелс ја погоди топката и како противнички напаѓач и ја испрати под пречката на својот голман Мануел Ноер.

По примениот гол Германија го засили темпото, но сите напади на нејзините играчи беа разбувани од француската одбрана со која командуваше Варан. За тоа каков фудбал се играше во првото полувреме најдобро сведочи фактот што автоголот на Хумелс беше единствениот удар во рамките на двата гола.

Второто полувреме започна со стативата на Рабио, а се чини дека францускиот играч во овој напад беше многу себичен и не му ја додаде топката на сосема осамениот голгетер Антоан Гризман. Германците се обидоа да возвратат во 54 минута, кога Серж Гнабри испрати силен волеј но за малку над пречката.

Килиан Мбапе во 67 година постигна многу убав погодок измешувајќи ја германската одбрана и пласирајќи откосо во подалечниот агол, но погодокот беше поништен поради офсајд позиција. Германија потоа тргна со сите сили по израмнување, но сите обиди беа безидејни, јалови и безопасни. Во 85 минута и Карим Бензема постигна погодок за Франција, но и тој беше поништен поради недозволена позиција.

Претходно во оваа група Португалија во последните нецели дест минути од мечот ја скрши домашната селекција на Унгарија и забележа победа од 3:0. Така Португалија и Франција имаат по три бода, а Германија и Унгарија по првото коло се без бодови.

Во сабота на 19-ти јуни на распоредот е второто коло во оваа група, а Унгарија во Будимпешта ќе ја пречека Франција, а Португалија ќе ѝ гостува на Германија.