
Првите случаи на инфекција со новиот коронавирус SARS-CoV-2 во Соединетите држави се случиле во декември 2019 година, речиси истовремено во кинескиот град Вухан беа потврдени првите случаи на Covid-19, покажува истражување спроведено врз примероци на крв на пацинети, а чии резултати се објавени во списанието Clinical Infectious Diseases.
Доброволците кои учествуват во истражувањето под називот „Health’s All of Us“ на NIH во континуираната постапка да се соберат здравствени информации за примерок од милион луѓе, дарувале крв како дел од поголема студија. Испитувањата на 24.000 примерици на крв земени во периодот од 2-ри јануари до 18-ти март 2020 година од жители на 50-те сојузни држави, покажале дека уште на почетокот од ланскиот јануари се развиле антитела на коронавируот во крвта на најмалку девет луѓе.
Како што се наведува во прилогот на телевизијата CNN, истражувачите откриле повеќе докази дека коронавирусот циркулирал на ниско ниво во САД уште од декември 2019 година, неколку седмици пред привите официјално потврдени и пријавени случаи на заразата.
Замрзнатите примероци од крв, според соопштението, укажуваат дека луѓе од пет американски сојузни држави: Илионоис, Висконсин, Пенсилванија, Мисиспи и Масачусетс, биле заразени со коронавирусот неколку дена или седмици пред официјално да бидат пријавени некои случаи на коронаинфекции во споменатите држави.
„Станува збор за поединци од кои примериците се земени на 7-ми јануари во Илиноис, 8-ми јануари во Масачусетс, 3-ти февраури во Висконсин, 15-ти февраури во Пенсилванија и на 6-ти март во Мисисипи“, се наведува во објавата. Во тоа време не биле регистрирани случаи на заразата во овие држави.
Но имајќи предвид дека се потребни околу две седмици да се развијата антителата по инфекцијата, наодите укажуваат дека некои од испитаниците биле заразени во декември, велат истражувачите.
„Резултатите од овој извештај сугерираат дека инфекциите со SARS-CoV-2 може да биле присутни во САД (…) порано отколку што се претпоставува“, се наведува во соопштението на Националниот институт за здравство (NIH).
„Меѓу првите 12 познати случаи на зараза со SARS-CoV-2 во САД најраните препознаени симптоми датираат од 14-ти јануари 2020 година, а сите 12 случаи се кај лица кои скоро пред тоа патувале во континентална Кина или биле во блиски контакти со патници. Тестирањата на SARS-CoV-2 во САД започнаа кон средината на јануари 2020-та“, додаваат научниците.
Во тоа време сојузните американски власти препорачуваа само тестирања на лица со симптоми кои патувале или имале директен контакт со лица кои патувале во подрачја каде беше прогласена веќе епидеија на коронавирусот.
„Мислам дека она што го покажа ова истражување е дека има уште многу парчиња коишто треба да ги откриеме и да ги составме за сите денови од епидемијата во САД“, вели за CNN др Кери Алтоф, епидемиолот од „Џонс Хопкинс Блумберг“ школата за јавно здравство.
Се потсетува и дека студија која беше објавена во ноември минатата година пружила докази за постоење антитела на коронавирусот кај Американци уште на 13-ти декември 2019-та. И некои други студии, исто така, сугерираат дека вирусот се појавил во САД во декември 2019-та.
Истражuвачите се осигурале дека добиле точни податоци од тестовите за антителата зашто секој примерок од крв го тестирале по двапати. Според нив, можно е тестовите да откриле веќе постоечки имунитет на коронавирусите, кои случакно создале и антитела против коронавирусот SARS-CoV-2 во 2019 година, зашто четири други коронавирусот редовно ги заразуваат луѓето, предизвикувајќи симптоми на обична настинка.