ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ја промовира новата стратегија „Македонија за сите луѓе“

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ја промовира новата стратегија која е наречена „Македонија за сите луѓе“, тоа е еден концепт кој што освен нов визуелен идентитет, ќе нуди вредности прифатливи за огромен број на граѓани. Тоа се вредности кои обединуваат и отвораат врати за сите оние кои имаат за цел просперитетна, напредна и достоинствена Македонија. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде антипод на поразите, на неуспесите и на бесперспективноста со оваа власт која што ја води Заев. Ќе понудиме визија за економски напредна Македонија со целосна заштита на општествените, националните и државните интереси, одговори на новинарско прашање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Македонија има сила и волја да се спротивстави на сиромаштијата, има сила и волја да се спротивстави и на мафијата која владее со Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на таа заедничка борба. Доста му е на народот да гледа како од ден на ден осиромашува, додека кликата на власт околу Заев се богати. Доста му е на народот 4 изгубени години со Заев. Македонија има и капацитет и способност да се спротивстави на тонењето и на понижувањето, да се исправи и да тргне напред, вели Лефков и додава:

„Ги повикувам и јавноста и граѓаните и вас медиумите да ги следите активностите и во текот на денешниот ден, меѓутоа и во текот на целиот следен период со цел во подробности да се запознаете со новата стратегија „Македонија за сите луѓе“.“