Вакцинирањето против Covid-19 задолжително во Москва поради растот на заразите

Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин реши да воведе задолжително вакцинирање против Covid-19 за сите работени во услужниот сектор за да се ублажи „драматичното“ влошување на епидемиолошката ситуација.

„Мораме едноставно да направиме сѐ за во најкус можен рок да спроведеме масовно вакцинирање и да ја запреме оваа страшна болест и умирање на илјадници луѓе“, ибјави на својот портал градоначланикот Собјанин.

Порад брзото ширење на коронаинфекциите, московскиот градоначалник веќе ја прогласи за неработна целата оваа седмица. Во Москва во моментов има 12.000 луѓе хоспитализираме поради Covid-19.

„Смртоноста ги достигна рекордните нивоа како и на крајот од 2020 година“, предупреди Собјанин.

Воведувањето на обврската за вакцинирање е првата ваква мерка во Русија и е во спротивност со ставовите на владата и претседателот Владимир Путин кои ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат, но не се залагат да биде задолжително.

Во Москва, којашто според последните официјални податоци има меѓу 12 и 13 милиони жители, досега се вакцинирани сао 1,8 милиони луѓе, според градските власти.

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 13.397 новозаразени и 396 смртни случаи од коронавирус, а во . Москва во истиот период биле заразени 5.782 лица, а починале 75 лица.