
Италијанските власти објавија дека компанијата „AdieneFarma & BioNteh“ започна со производство на пробна серија од руската вакцина „Спутник V“, со што стана уште една во низата европски земји што размислуваат за воведување на вакцината „Спутник V“ за употреба.
Со почетокот на производството на пробна серија вакцини, Италија стана уште една во низата европски земји кои одлучија да ја тестираат руската вакцина за употреба на домашниот пазар. Досега во Европската унија употребата на руската вакцина ја одобрија Унгарија и Словачка.
Од другите европски земји, прва во низата земји што ја одобри употребата на вакцината „Спутник V“ е Србија, која на крајот на мај започна во сопствена фабрика да ја произведува оваа руска вакцина.
– Започнавме со производство на пробна серија во Италија, која ќе биде предмет на внатрешна проверка. Ние ја работиме работата во согласност со препораките со рускиот производител на вакцини – рече портпаролот на компанијата.
По интерната проценка, компанијата истакна дека на италијанските власти ќе им ја обезбеди целата потребна документација поврзана со анализата на вакцините.
Доколку тестовите од првата пробна серија покажат дека руската вакцина „Спутник V“ е безбедна за употреба, компанијата ќе побара од Италија да ја одобри вакцина за поширока употреба во оваа европска земја.
Почетокот на производството на руската вакцина беше договорен во март
На крајот на март, рускиот фонд за директни инвестиции се согласи да започне производство на вакцини „Спутник V“ во Италија во соработка со швајцарско-италијанската компанија.
Извршниот директор на компанијата, Антонио Ди Наро, претходно изјави дека „Спутник V“ ќе влезе на италијанскиот пазар веќе на крајот на 2021 година, откако ќе ги помине процедурите за сертификација.
Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не ја одобри „Спутник V“ за употреба во Европската унија, а неговата употреба во земјите-членки зависи од внатрешните политики на властите во тие земји.
Иако европски и руски официјални лица изјавија дека вакцината може да биде одобрена на почетокот на јуни, процесот на одобрување на руската вакцина „Спутник V“ во Европската унија ќе се одложи бидејќи е пропуштен рокот за доставување податоци до 10 јуни.
Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ја промовира оваа вакцина, објави дека процесот на разгледување во ЕМА сè уште трае.
– Доставени се сите информации за клиничките тестови на вакцината „Спутник V“, а извештајот за општата клиничка пракса е комплетиран со позитивни повратни информации од ЕМА – објави Фондот.
Во соопштението се додава дека одлуката на Европската агенција за лекови за одобрување на вакцината се очекува во следните два месеци.