Во средбата од второто коло од Групата Е на Европското фудбалско првенство, селекцијата на Шведска во петокот во Санкт Петербург ја совлада Словачка со 1:0 (0:0), а единствениот погодик кој „Викинзите“ ги врати во игра за минување на групната фаза го постигна Емил Форсберг во 77 минута од пенал.
Во првото полувреме и двете селекции не создадоа ниедна можност да го загрозат противничкиот гол, поради ориентацијата во прв ред да не се загуби натпреварот. Но Шведска, која во првото коло ремизираше со Шпанија, во вториот дел порешително тргна по погодок. Словачка, пак, по воведната победа против Полска, се чини сосема погрешно се ориентираше на реми, а дури во финишот го загрози посериозно противничкиот голман.
Првата поизразена шанса на мечот ја имаше Шведска во 59 минута. По центаршутот на Ларсон во скокот највисок беше Лудвиг Аугустинсон, кој со глава шутираше под пречката, но словачкиот голман Мартин Дубравја одлични одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер. Следеше корнер и Исак од втората статива го проигра Маркус Даниелсон, кој со глава шитураше над пречката.
Нов шведски центаршут од десната страна следеше во 67 минута. Нафрлувањето на Лустиг со глава го зафати Александер Исак, но топката само неколку сантиметри мина над пречката. Исак повторно во 71 минута се закани, шутирајќи од работ на шеснаесетникот, но Дубраква повторно беше подготвен.
Единствениот погодок беше постигнат од најстрога казна. Средниот играч на Мајнц, Робин Кваисон кој влезе во игра во 64 минтуа го избори пеналот, откако во шеснаесетникот беше соборен од голманот Дубравка, а сигирен реализатор бепе Емија Форсберг во 77 минута.
Следната шанса во 82 минута ја имаше Виктор Клаесон, но Хубочан навремено го блокираше шутот. Словаците се тргнаа во самиот финиш, притискаа и испратија неколку опасни шутови, во судиското продолжение ВАР-от не потврди пенал за нив, откако во слична ситуација во која во четвртокот беше досуден пенал против Македонија на мечот со Украина, двајца шеведски играчи неколкупати со раце имаа контакт со топката во својот шеснаесетник, но резултатот не се менуваше.
Сега во Групата Е води Шведска со 4 бодови, Словачка има 3, Шпанија еден а Полска е без бодови.
Во сабота во оваа група во Севилја играат Шпанија и Полска, а последното коло се игра на 23-ти јуни, а се среќаваат Шпанија – Словачка во Севилја, а Шведска – Полска во Санкт Петербург.