Жељко Обрадовиќ се враќа во Партизан по 28 години

Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан.

Белградски Курир објави дека најтрофејниот европски кошаркарски тренер потпишал тригодишен договор.

Обрадовиќ тренерската кариера ја започна со освојување на титулата европски шампион со црно-белите, на чија клупа се враќа по 28 години.

Девет пати ја освои Евролигата, а беше шампион со Реал, Панатинаикос и Фенербахче.