Кина до неделата потрошила милијарда дози и речиси ја сузбила новата коронавирусна болест Covid-19, за разлика од Бразил кој бележи повеќе од половина милион починати, додека Русија е претапзлива во однос на новиот „индиски сој“, Јапонија ја укинува вонредната состојба еден месец пред почетокот на Олимписките игри а Франција по осум месеци го укинува полицискиот час.
Во светот според последните податоци на порталот Worldometer со коронавирусот од декември 2019 до денеска се заразени повеќе од 179 милиони луѓе, а како последици од компликациите кои ги предизвикува Covid-19 досега починале 3,87 милиони луѓе.
Благодарејќи на подобрувањето на јавноздравствената состојба, некои земји, како на пример Франција и Јапонија, во неделадат започнаа да ги ублажуваат епидемиолошките мерки, но во Русија повторното ширење на епидемијата предизвикана од делата варијанта (индискиот сој) на вирусот, ги натера властите да го заострат мерките.
Франција во неделата поради подобрената епидемиолошка ситуација во земјата ја укинува мерката полициски час кој беше на сила изминатите осум месеци. Франција, којашто со над 110.000 починати е меѓу најпогодените земји во светот со коронавирусот, меѓу последните, покрај Италија и Грција, коишто ја задржаа таквата мерка.
Другите европски земји, меѓу кои Германија и Шпанија, започнаа постепено да ја укинуваат мерката за носесење заштитни маски.
Рестрикциите се ублажуваат и во Јапонија, еден месец пред Олимписките игри, од 23-ти јули до 8-ми август. Таму вонредната состојба беше укината во неделата, како што беше планирано, во престолничкиот регион Токио и во уште осум префектури, но рестрикциите се продолжуваат и можело да го намалт бројот на посетителите на Игрите од Јапонија.
Баровите и рестораните повторно ќе може да служат алкохол до 19 часот, но и натаму не смеат да работат подолго од 20 часто.
Ублажените рестрикции ќе овозможат одржување на спортските настани и концерти со гледачи, но со 50 отсто од капацитетите по објектот, со најмногу 10.000 посетители. Сепак, укинати се шест „фан зони“ од коишто навивачите требаше да ги следат олимписките натпреварувања во Токио на гигантски екрани.
Подговувајќи се за отворањето на Игрите во Токио, оранизаторите во неделата за медиумите ги отвори портите на Олимпиското село, откривајќи ја ткн „клиника за покачена температура“, каде што ќе се прегледуваат и изолираат сите за кои постои сомневање дека се заразени со вирусот.
Кина се движи кон целосно сузбивање на вирусот
Кина досега потрошила повеќе од милијарда дози од вакцините против Covid-19, соопшти во неделата министерството за здравство, без да го наведе податокот колкав процент од населението ја примиле двете дози. Тоа е повеќе од третина од бројот на дозите од вакцините потрошени во светот, или милијарда дози.
Заклучно со 19-ти јуни 2021 година, во 31 административна единица на Кина, аплицирани се вкупно 1,01 милијарди вакцини прптив коронависурот, се наведува во соопштението на министерството за здравство. Претходно, водечкиот кинески епидемиолог Жонг Наншан информираше за плановите на властите до јуни да вакцинираат околу 40 отсто од населението во земјата, односно 560 милиони од над 1,4 милијарда луѓе.
Во неделата Кина пријави само 23 случаи на нови зарази, и сите новоинфицирани лица допатувале од странство, како што се квалификуваат повеќе од половина година сите нови коронаинфекции во земјата.
Трет бран во Бразил
За разлика од остатокот на светот, во Бразил е сосема поинаква ситуацијата, каде што неодамнешниот број на починатите на дневно ниво, го потврдува доаѓањето на третиот бран на епидемијата на коронавирусот.
Бразил, кој има 212-милионско население, е втората земја во светото која има повеќе од половина милион смртни случаи од Covid-19. Најголемата земја во Латинска Америка пријави 500.800 смрни исходи, зад САД каде што починале речиси 602.000 луѓе.
Во Бразил се заразени со новиот коронавирус 17,8 милиони луѓе, а моменталното секојдневно бележи по околу 80.000 нови случи на зараз. Околу 30 отсто од Бразилците досега ја примиле првата доза од вакцините, а околу 11 отсто се целосно вакцинирани против Covid-19.
Творецот на „Спутник V“ предупредува дека индискиот сој побрзо развива тешка форма на Covid-19
Во Москва, пак, владее претпазливост поради ширењето на ткн „делта“ варијанта на коронавирусот. Руската престолнина пријави во неделата 8.304 заразени во последните 24 часа, што е помалку од 9.056 во петокот и 9.120 во саботата, кои беа рекордни од ланскиот октомври. Во вториот по големина град во земјата, Санкт Петербург, во неделата бројот на новозаразените надминал 1.000 во последното деноноќие, првпат од крајот на февраури.
Овој нов бран на Covid-19, спроед руските власти, последица на делта варијантата на вирусот која првпат беше идентификувана во Индија и се заканува дека ќе ги преоптовари московските болници, а градските власти веќе ги обновуваат ковид-болниците кои пред половина година почнаа да се затвораат.
Во Москва и околниот регион првпат во Русија оваа седмица беше воведено задолжително вакцинирање за вработените во секторот за услуги. Вработените кои ја одбиваат вакцината во секторите во кои таа е задолжителна, може да бидат испратени на неплатено отсустви, порача рускиот министер за труд Антон Котјаков.
Индискиот сој на коронавирусот предизвикува побрзо преминување од лесните симптоми во тешки форми на болеста Covid-19, изјави во неделата за руската јавна телевизија Россия-1, Алексенадр Гинцбург, директор на научниот центар „Гамалеја“ кој ја разви „Спутник V“ првата вакцина против вирусот официјално одобрена во светот.
„Индсикиот сој е полош, го скусува времето на преминување од благите сомптоми кон тешки форми на болеста, а со тоа се намалува времето коешто е потребно за да се појават сопствени антитела“, предупредува Гинцбург.
Меѓутоа, научникот вели дека антителата создадени по вакцинирањето со „Спутник V“ против коронавирусот, штитат од сите досега познати соеви на коронаворусот.
„Антителата кои се произведуваат во орагнизамот по аплицирањето на Спутни V штитат од сите соеви познати досега, од британскиот залучно со делта, односно индискиот сој“, уверува Гинцбург.
Им порача на Русите, кои избегнуваат да се вакцинираат против Covid-19, дека „почнуваат да играат рулет со овој вирус“, и ги предупреди дека „веројатноста да загубат изнесува до 10 проценти.