На веб-страницата на Бирото за јавни набавки објавен е тендер за набавка на 45 жардињери, за кои Град Скопје и Градоначалникот Шилегов планираат да платат три милиона денари односно 50 илјади евра.
Согласно објавената проектна документација на тендерот, Град Скопје планира да набави три типа жардињери, а од секој тип би биле набавени вкупно по 15 жардињери.
Опозицијата во текот на целокупниот четиригодишен мандат на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов предупредуваше на трошење на енормно големи буџетски средства за јавни набавки.
Последен во низата беше скандалот за набавката на садници која изнесува 9,5 милиони денари.
-Огромен е парадоксот што како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје. Поради лошото менаџирање на Шилегов, Град Скопје доживува четиригодишна стагнација, а парите се потрошени во празни проекти, изјави вчера портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.