Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема, соопшти МВР.
Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава“ учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.
Според пожарникарите, причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.