Во Драчево приведен маж баран по потерница

Синоќа околу полноќ во скопската населба Драчево е приведен 31-годишен маж, по кого се трагало поради извршување 18-месечна затворска казна, соопшти во вторникто Минситерството за внатрешни работи.

Настанот се случил околу 23,55 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела вода, Отсек за потраги, на улицата „Стари Новакиња“ во Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода 31-годишниот М.Н. од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со чл.236 од Кривичен законик, информира МВР.

М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка