Се очекува да биде намалена цената за возење со електромобил низ Скопје. Наместо 50 денари, граѓаните за 20 – минутното разгледување на центарот на градот ќе плаќаат 20 денари, пишува Вест.
– За да бидат подостапни на граѓаните, уште на наредната седница на Советот на Град Скопје планираме да предложиме цената да се намали од 50 на 20 денари. За деца до 9 години возењето и сега бесплатно, а така и ќе остане, вели директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.
Намалувањето на цената се очекува во септември, а електромобилите ќе се возат низ градот до средината на октомври.