Јани Макрадули распали по Шеќеринска

Социјалдемократот Јани Макрадули јавно, на својот Фејсбук профил започна отворена војна против потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Тој видно изреволтиран и од влегувањето на пратеничката Солза Грчева во Собранието ја искоментира изјавата на Шеќеринска дадена за интервју уште пред изборите.

Макрадули ги искритикува пратеничките листи на СДСМ на последните избори. На влезот на Солза во Собранието тој надополни со линк од интервјуто на Шеќеринска, тврдејќи дека ниту еден пратеник од минатиот состав немало да ја продаде партијата и нејзините одлуки, алудирајќи на моментната ситуација.

jjj

Шеќеринска тогаш се правдаше дека на листите на пратеници биле ставени луѓе почитувани и позитивно доживеани кај членството. Наводно таа и Заев не се нашле на пратеничките листи поради постојаните критики дека претходно раководството секогаш се сместувало на листите, а не поради бегањето од одговорноста во случај на пораз, за што и самата има изјавено дека не е нормално.

Ова е само уште еден доказ дека расколот во СДСМ е се поголем, а како што може да се види во коментарите под неговиот статус од партиски симпатизери  и членови, тие сметаат дека во СДСМ и нема некои големи промени.

Несогласувањата и поделбата во СДСМ носи само нестабилност на партијата. И покрај немањето цврст заеднички став тие се упорни и се стремат повторно да ја земат власта во свои раце, но со постојаното префрлање и меѓусебно „плукање“ уште еднаш самите си забија нож в грб и покажаа дека Македонија не смее да биде водена од вакви луѓе.