Ѓорчев: На Заев не му верувам ни кога се колне, се колнеше дека нема да менува ништо, ама смени се

Денес поради твит на Заев и Грција најави блокада, Македонија е блокирана од сите страни, не само од Бугарија за преговори со ЕУ, рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „Анализа 24“ што се емитува на Телевизја 24.

„Прво Зоран мајбах Заев е аболициран криминалец, второ вие ќе останете запаметени во македонската историја како министер кој пуштил наредба да се користи наредба за забрана на името Македонија на невладините организации“, реќе Ѓорчев обраќајќи му се на министерот за правда Бојан Маричиќ кој беше дел од дебатата.

Ѓорчев укажа „на Зоран Заев не му верувам ни кога се колне, се колнеше дека нема да менува ништо, ама смени се, ама сега сите сфатија дека Македонија е вреќа за удирање“.

Според него сега сите знаат дека нема нешто што некој ќе побара, а Заев нема да го направи тоа.

„Заев ќе вика не неколку пати, ама петтиот пат ќе рече во ред. Ја урнисавте Македонија, нема кислород, нема вакцини, ама има повеќе од 5.000 мртви од корона“, рече Ѓорчев.

Потсети дека Владата пред неколку години кажа дека почнува преговори.

„Се сликаше Заев во авион со екипата, имало датум , ама по неколку пати еве сега немало датум. На лажењето на Заев му нема крај“, рече Ѓорчев.