Американската пејачка Бритни Спирс во средата пред судијата во Лос Анџелес одговорен за надзор над нејзиното контроверзно старателство дека си го сака својот живот назад и да се заврши 13-годишното старателство кое нејзиниот татко го има над неа.
Забелешките на поп-ѕвездата, искажани преку видеоврска на сослушувањето пред судот во Лос Анџелес, се нејзиното прво јавно обраќање за судски одобреното старателство воведено во 2008 година кога преживеа нервен слом. На почетокот од годинава, судот дозволи Бритни Спирс да се обрати лично на сослушувањето
Триесет идеветгодишната Бритни Спирс во емотивната изјава пред калифорнискиот суд изјавила дека старателството е злоставување.
„Само си го сакам својот живот назад. Не сум тука за да бидам нечиј роб. Трауматизирана сум. Не сум среќна. Не можам да спијам. Многу сум бесна и плачам секој ден“, рекла пејачката.
Бритни побарала старателството над неа да заврши. „Искрено верувам дека ова старателство е злоставување“, додала пејачката.
Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени, изјавила дека ќе ѝ биде потребна формална претстава предадена на судот во која се бара прекин на старателството пред да може да преземе какво и да е дејство. Притоа судијката ја пофалила Спирс затоа што прозборела.
„Знам дека потребно е многу храброст. Сакам повторно да ве пофалам затоа што навистина исчекоривте и истапивте за да ги слушнеме вашите размислувања, не само јас, туку и сите кои учествувале во овој случај“, рече судијката Пени.
Спирс последниот пат директно разговарапе со судијата во мај 2019 година, но судот беше затворен за јавноста и нејзиното сведочење остана запечатено. Во среата пејачката рече дека сака луѓето да го слушнат она што таа има да го каже.
Бритни рече дека сака повторно да се омажи и да има дете. Но додаде дека има вградена контрацепција, како и дека не смее да оди на лекар „бидејќи не сакаат да имам деца“. Таа има две деца со поранешниот сопруг Кевин Федерлин, кој го има старетелството над децата.
Пејачката беше прогласена за делимно неспособна пред 13 години поради проблеми со дрогите и загриженоста за нејзиното ментално здравје. Од 2008 година, финансиоте на Бритни, вклучиелно и мултимилионскиот фонд ги контролира нејзиниот татко Џејмс Спирс. Таткото на пејачката, исто така, носеше многу одлуки кои се однесуваа на нејзината кариера, медицинскиот тетман и личниот живот. Некои од обожавателите на Бритни тврдеа дека таа била принудена да се согласи на тоа и пократ противењето.
Во 2019 година, менаџерката Џоди Монтгомери стана еден од старателите над Бритни Спирс. Таткото на пејачката во тој период имаше сериозни здравствени проблеми, кога беше подврргнат на неколку хируршки зафати. Во 2020 година адвокатот кој ѝ го назначи судот, побара Бритни Спирс побара измена на условите за старателството и отстранување на таткото на пејачката, и во тој случај тоа би минало на Монтгомери.
Судот сѐ уште ја нема донесено конечната одлука за промена на страрателството. Богатството на пејачката се проценува на околу 60 милиони долари. Бритни Спирс е добитник на голем број музички награди, вклучително и на престижните Греми.