Заев: ФФМ треба да го промени името (ВИДЕО)

Во вечерашното интервју во „Топ Тема“ на телевизија Телма, премиерот Зоран Заев изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“.

Според него, Куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските репрезентации, па затоа ФФМ мора да ги почитува уставот и законите во државата и да го промени името, вели Заев во гостувањето на Телма.

Премиерот Заев вчера на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.