Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржува идејата за обновување на дијалогот и контактот меѓу Русија и Европската унија, соопшто Кремљ во четвртокот откако Франција и Германија предложија самит како обид подобрување на односите.
„Таков дијалог навостина е потребен и за Брисел и за Москва. Позитивно го разгледвуаме таквиот предлог“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Додаде дека засега нема подготовка за таков самит. Песков истакна дека претседателот Путин е „заговорник на воспоставување на механизмот за дијалог и контакти меѓу Брисел и Москва“.
Француја и Германија во средата предложиле состанок на вровот меѓу Европската унија и рускиот претседател Владимир Путин за да се подибрат односите меѓу Брисел и Русија.
Средбата би се случила по американско-рускиот самит меѓу Бајден и Путин на 16-ти јуни во Женева, во периодот кога Париз и Берлин се незадоволни поради тоа што пристапот на ЕУ кон Русија изминатите години се сведува само на воведување санкции следејќи го курсот на САД.
Европските дипломати сметаат дека на таквиот самит би можеле да се противат блатичките земји, но во четвртокот холандскиот премеир на заминување Марк Руте изјави дека тој нема да присуствува на евентуален самот ЕУ – Русија, идеја за која би можело да се планира на саитот на Унијата во четврток и петок во Брисел.
„Не се противам на тоа со Владимир Путин да се сретна двајцата лидери. Јас самиот нема да се сретнам со Владимир Путин како член на ЕУ“, изјави Руте во пресрет на самитот во Брисел.
Претходно во средата весникот Financial Time објави дека по американско-рускиот самит во Женева, во Берлин сметаат дека преговорите станале „образец“ за обновување на односите со Русија, како и дека германската канцеларка Ангела Меркел истапила со иницијатива на евентуалниот таков состанок да биде поканет рускиот претседател Владимир Путин, а идејата била поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон.