
МВР информира дека пред два дена во полициската станица Гази Баба, командир во казнено – поправната установа „Идризово“ пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од затвореник.
Полицаецот во инцидентот кој се случил ноќта околу 22 часот бил расечен со остар предмет.
„Според пријавеното, на 23.06.2021 командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една соба во амбулантното оделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете. Според пријавата, притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.