Невиден резил – Еве како СДСМ го разубавува Куманово! (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот СДСМ Куманово и пратеник во Собранието, Мартин Костовски, со видео и фотографии се пофали дека тој со неговите сопартијци започнале акција за разубавување на градот.

Судејќи според конечниот исходот од една страна и помпезната објава со „успешно завршена мисија“ па и најавата дека акцијата на СДСМ нема тука да запре, човек е во дилема дали станува збор за некоја пародија, или навистина отиде сѐ во бестрага?

Новото катче на кумановци, сработено за четири часа, претставува парцела исушена трева странично обележана со лента од расфрлани бели камења и неклку гуми со цвеќиња.

За целосен доем има дури и слика Пред и Потоа!
Но, секој со својот критериум за убавина….