Сомалиецот кој го изврши масакрот во Вицбург наводно бил психички болен

Лицето коешто во петокот попладнето во баварскиот град Вицбург со нож уби три лица а рани уште 15 други, имал ментални проблеми, објави вечерта јавниот сервис BR, повикувајќи се на полициски извори.

„Во последните месеци кај него било забележано агресивно однесува… Пред неколку дена тој бил испратен на присилно психијатриско лекување“, го цирира весникот Bild минстерот за внатрешни работи на јужната германска сојузна покраина Баварија, Јоаким Херман.

Во извештајот не се прецизира дали осомничениот деновиве бил отпуштен од установата или избегал.

Според наводите на локалните медиуми, сторителот прво со нож усмртил една жена а потоа и две лица коишто дошле да ѝ помогнат на жртвата. Потоа ранил уште 15 лица од коишто пет или шест се во тешка состојба.

Напаѓачот во пешачката зона на Ворцбург бил запрен дури по даоѓањето на полицијата чии припадници со истрели од службеното оружје го раниле во нозете, по што бил совладан и одведен во полициска станица.

На фографиите објавено во медиумите и на социјалните мрежи се гледа како црномурест малд маж вооружен со нож со долго сечиво се движи во центарот на Вирцбург.

Полицијата објави подоцна дека станува збор за 24-годишен Сомалиец кој живеел во Вицбург. Засега истрагата тргнува од претпоставката дека станува збор за поединец и дека повеќе нема опасност за жителите.

За мотивите на напаѓачот засега не е ништо познато. Министерот Херман најави доаѓае во Вицбург, кој се наоѓа на северот од Баварија.

Пред пет години во близина на Вицбург млад Авганистанец со секира и нож во воз нападна и повреди неколку лица.