
Фудбалскиот репрезетнативец на Хрватска, Иван Перишиќ, бил позитивен на редовното тестирање на коронавирусот и одредена му е мерката самоизолација во траење од десет дена, во кои нема да смее да игра за нациналната селекција не Европското првенство, објави ноќта кон неделата Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS).
Сите други храватски репрезентативци, членовите на стручниот штаб и на делегацијата биле негативни на тестирањето.
Лекарскиот тим на „Коцкестите“ веднаш го изолирал Перишиќ од другите членови на храватската експедиција на ЕУРО и веднаш ја известила надлежната епидемиолошка служба на првенството, приложувајќи докази дека биле почитувани сите мерки за заштита.
Ова ќе претставува голем удар за Хрватска пред осминафиналниот дуел против Шпанија, бидејќи Перишиќ беше еден од нејзините најдобри играчи во трите натпревара од групната фаза.
Играчот на новиот италијански шампион милански Интер бепе стрелец на израмнувачкиот погодок со Чесите во ремито 1:1 и асистент при првиот и стрелец на решавачкиот трет погодок во победата од 3:1 над Шкотска во Глазгов, со која Хрватска обезбедни палсман во осминафиналето.
Доколку Хрватаска успее да се пласира во четврфиналето, Прешиќ нема да може да конкурира ниту за тој меч које на распоредот на 2-ри јули, како ни за евентуалниот полуфинален дуел на 6-ти јули, кога е последниот ден од неговата самоизолација.
Хрватска против Шпанија ќе игра во понеделник, 28-ми јуни во 18 часот, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген.