
ОВЕН
Работа: Верувате во подобра иднина и подготвени сте да дадете се од себе за да ја остварите.
Љубов: Надевајте се на интересни случувања со личноста која ви се допаѓа. Слободно покажете ги своите чувства.
Здравје: Проблеми со холестеролот.
БИК
Работа: Не сте задоволни од ситуацијата на работа и полека почнувате да барате нови решенија и промени.
Љубов: Со саканата личност имате проблеми и недоразбирање кое често ве следи.
Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Под голем притисок сте на работа и чувствувате дека тоа нималку не ви годи. Доаѓа време малку да забавите.
Љубов: Партнерот максимално ви е посветен и задоволни сте кога сте крај него.
Здравје: Можна главоболка.
РАК
Работа: Ќе дадете се од себе за да може да напредувате. Ќе направите се да дојдете до нови контакти.
Љубов: Можно е да станувате посесивни во односот со саканата личност и љубомората ве мачи.
Здравје: Мали проблеми со бешиката.
ЛАВ
Работа: Пробувајте да ја прифатите добронамерната критика која доаѓа до вас. Избегнувајте реагирање од било какви суети.
Љубов: Ви доаѓаат промени на емотивното поле во следниот период.
Здравје: Добро се чувствувате, полни сте со енергија.
ДЕВИЦА
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува прилика за проширување на соработката на ова поле.
Љубов: Ако имате партнер, односот ви е генерално добар и задоволни сте поради тоа.
Здравје: Водете сметка околу желудникот.
ВАГА
Работа: Можно е да бидете наклонети кон тоа сосема непромислено да се впуштите во некои ризици.
Љубов: Вашата врска може да влезе во монотонија што ве наведува на мисла околу прекин.
Здравје: Болки во вратот.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу сте снаодливи и посветени на работа. Може да очекувате прилика за напредување.
Љубов: Употребете ја својата вештина во комуникацијата со личноста која ви значи и вашиот однос ќе стане поинтеесен.
Здравје: Потребен ви е одмор.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Пред вас е период во кој ќе размислувате за промена на работата.
Љубов: Покажете и на саканата личност дека ви значи и бидете искрени.
Здравје: Избегнувајте цигари.
ЈАРЕЦ
Работа: Ви доаѓа период кој би можел да ви донесе бројни компликации на работното поле.
Љубов: Ви треба многу време за да успеете да ги надминете случувањата од минатото.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доаѓа период во кој ќе бидете подготвени на полето работа да правите драстични промени и потези со кои многумина ќе бидат шокирани.
Љубов: Ако сте слободни, ве очекува убаво познанство.
Здравје: Ќе ви годи опуштање со пријателите.
РИБИ
Работа: Ќе бидете задоволни од она што на работното поле сте постигнале. Пред вас е поволен период.
Љубов: Ново познанство на ова поле во вас буди чувство на ентузијазам и надеж.
Здравје: Психолошки сте преоптоварени.